Ивановски заврши на 82. место на ЕП во крос-кантри

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски заврши на 82. место на Европското првенство во крос-кантри кое викендов се одржува во Тилбург, Холандија.

Во категоријата – помлади сениори (до 23 години), Ивановски патеката ја истрча со време од 26.16 минути што беше доволно за 82. место во конкуренција на 93 натпреварувачи.

Првото место го освои Французинот Џими Гресие со време од 23:37 минути, пред Самуел Фитви (23:45 минути) од Германија и Хуго Хај (23:48 минути) од Франција.

Се вчитува...