Ивица Илиев со двојна улога во Голден Арт КЛ7

Раководството на Голден Арт КЛ7 со дела ги потврдува најавите дека се подготвува за уште поголем напредок во наредниот период, откако денеска беше потпишан договор со Ивица Илиев, кој во следната сезона ќе игра за овој клуб, а истовремено и ќе му биде асистент на тренерот Никола Матлиевски во стручниот штаб на Голден Арт.

Станува збор за еден од најдобрите стрелци во македонската Суперлига во последните неколку сезони, искусен бек кој сигурно ќе може да им го пренесе своето знаење на помладите играчи кои се мнозинство во редовите на Голден Арт КЛ7.

„Покрај несомнено високите ракометни квалитети, клубот и луѓето кои го водат многу добро ги познаваат и човечките квалитети на вториот стрелец на суперлигата во сезоната која заврши. Токму затоа падна изборот на Илиев, кој покрај задачите како играч кој треба да биде пример за младите како на тренинг така и на самите натпревари, ќе ја има улогата на помошник на шефот на стручниот штаб, Никола Матлиески подготвувајќи се за својата следна улога во ракометот“, објави скопскиот клуб на своите профили на социјалните мрежи.

Се вчитува...