Ивица Зубац еден месец надвор од терените

Хрватскиот центар и член на Лос Анџелес Клиперс Ивица Зубац ќе биде надвор од терените најмалку еден месец поради повреда на потколеницата на десната нога, поради што го пропушти натпреварот во кој неговиот тим славеше над Оклахома Сити Тандерс со 128-117.

Ова е најтешката повреда на Зубац откако се приклучи на Клиперс, каде што се наметна како еден стандардните членови на првата петорка.

Во 38 одиграни натпревари оваа сезона, Зубац беше стандарден член на стартната петорка на Клиперс и придонесе за успехот на тимот со 12,4 поени, 9,7 скока и 1,4 блокади за 27 минути поминати на теренот.

Се вчитува...