Ивица Зубац ја шокираше Америка, неверојатен меч за влез во друштво на Абдул-Џабар и Шекил О’Нил

Хрватот Ивица Зубац синоќа го одигра натпреварот на кариерата во НБА-лигата со ефект каков што може да се пофалат само некои од најголемите центри во историјата на најдобрата светска кошаркарска лига.

Во победата на ЛА Клиперс над Индијана од 114-100, Зубац постигна 31 поен, со 29 скока и по три асистенции и блокади, притоа со 82% шут од игра и 100% шут од слободни фрлања. Со тоа постави лични рекорди во вкупен број скокови, дефанзивни (17) и офанзивни (12) и остана само на еден поен од најдобриот ефект по поени во кариерата. Но, за жал остана само на еден скок од учинокот 30 поени + 30 скока што во НБА лигата во 76 години остварен е само 25 пати, од кои 11 пати тоа било дело на Вилт Чемберлен. А, во последните 40 години го достигнале само Кевин Лав во 2010 година и Двајт Хауард во 2018 година.

Но, и без тоа Зубац одигра натпревар за историја затоа што од 1973 година, откако се бројат блокадите, само Карим Абдул-Џабар имал подобар ефект од Зубац.

„Отсекогаш сакав да имам натпревар со 20 поени и 20 скока, но сега ете имав шанса зао 30+30. Навистина многу го сакав тоа, и лут сум затоа што изглегов од игра поради прекршоци. Но, лудо е тоа што сега сум во иста реченица со Карим“ – истакна по мечот Зубац.

 

Освен тоа Зубац стана и прв кошаркар по Шекил О’Нил од 2004 година кој стигнал до 30 поени, повеќе од 20 скока и притоа со над 80% шут од игра.

Во останатите мечеви, Портланд загуби на гости од Бруклун со 111-97 во меч во кој Дурант беше извонреден во победничкиот тим со 31 поен, пет скока и пет асистенции. На спротивната страна се истакна Гранд со 29 поени, а Нуркиќ запиша „дабл-дабл“ од 17 поени, 14 скока и четири асистенции.

Далас загуби на гости од Милвоки со 124-115 и покрај уште една одлична партија на Лука Дончиќ. Но, Милвоки до триумфот беше воден од Адедукомбо со 30 поени, 11 скока и четири асистенции. Дончиќ мечот го заврши со 27 поени, 12 асистенции и пет скока.

Се вчитува...