„Изберете ме, ќе го вратам Нејмар во Барселона“

Кандидатот за претседател на Барселона, Емили Русо во својата визија за каталонскиот клуб во главната улога го гледа Нејмар, ќе го промени името на стадионот, а планира и да го промени тренерот доколку не покаже добри резултати.

„Ќе се засилиме со два врвни играча, а еден од нив е Нејмар. Работиме на тоа да го вратиме во Барселона, доколку тој ги повлече тужбите против клубот. Се надевам дека ќе можеме да го објавиме и името на другиот играч и веќе имаме директна врска со истиот. Ќе одржиме и референдум за промена на името на „Камп Ноу“ во „Лео Меси“. Чави, Иниеста и Пујол ќе бидат вратени во клубот, а покрај тоа што го почитуваме Куман, доколку не продолжи со добрите партии ќе го промениме со тренер кој го предводи еден од најдобрите клубови во Европа“ – вели кандидатот за претседател.

Претседателските избори во Барселона ќе бидат одржани на 24. јануари следната година.

Се вчитува...