Барселона е без претседател откако Бартомеу си поднесе оставка, но блиска иднина ќе бидат организирани избори, а еден од оние кои важат за фаворити е Виктор Фонт, телекомуникациски мултимилионер чиј главен адут во кампањата ќе биде ветувањето за враќање на Пеп Гвардиола на клупата на каталонскиот гигант.
Гвардиола беше многу блиску до доведување на Меси во Манчестер Сити летово, но Фонт е убеден дека со враќањето на Пеп во Барса ќе успее да го убеди и Меси да го смени ставот и да остане на „Камп Ноу“.
„Имам јасна визија за клубот, визија според која Лео Меси ќе продолжи да игра за Барса. Пеп Гвардиола исто така е легенда на клубот што заслужува да биде овде, ќе сторам се за да го вратам. Многу легенди сега се надвор од клубот, моја цел ќе биде што поголем дел од нив да се вратат со соодветни функции. Тука говорам за Чави, Иниеста, Пујол и многу други“, порача Фонт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА