Избор на МТКФ: Дејан Недев по 23. пат најдобар каратист

Mакедонската традиционална карате федерација на пригодна свеченост ги прогласи најдобрите каратисти на РМ за 2018 година. Каратистот на векот, Дејан Недев по 23 пат беше прогласен за најдобар каратист, за најдобри сениорки беа прогласени Јадранка Недева и Емилија Јанчевска во младинска конкуренција за најдобра беше прогласена Мила Саздова.

За најдобар ветеран е Ристо Сакалиев а тренер на годината е прогласен Атанас Василев од КК Шихан, Струмица. Со посебни плакети за животно дело беа наградени Венцислав Недев и Ѓорѓи Кузмановски за нивната 50 годишна активност во карате спортот и спортот во РМ. Исто така со награди за придонес во развојот на МТКФ и карате спортот наградени беа Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар, Алтин Малиќи, Софија Пејкова и Слаѓан Ивковиќ.

Се вчитува...