Изборно собрание на ФФМ: Сејдини единствен кандидат за нов мандат, видео обраќање на Џани Инфантино

Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, под максимални здравствени протоколи, стартуваше Изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија на кое единствен кандидат за нов мандат на чело на ФФМ е досегашниот претседател Муамед Сејдини.

На Собранието, и покрај тоа што Агенцијата за млади и спорт вчера испрати соопштение дека нема да го призне, присутни се и претставници и гости од Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет. Од АМС е присутен заменик-директорот Авни Рустеми, додека од МОК е генералниот секретар Сашо Поповски.

На Собранието се присутни и претставниците од УЕФА, Зоран Лаковиќ и Денис Бастари, а видео-обраќање имаше и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Муамед Сeјдини е предлог на ОФС Кичево за нов претседател на ФФМ со четиригодишен мандат. Доби поддшка и од уште 20 општински фудбалски сојузи од вкупно 26 колку што се членки на Собранието на ФФМ. На Собранието свое делегати, поради несогласување со досегашното раководство на ФФМ, немаа од општинските фудбалски сојузи од Струмица, Кочани, Тетово…

Се вчитува...