Избран новиот Управен одбор на ФФМ: Три нови имиња меѓу 14-те члена

Фудбалската федерација на Македонија, по изборот на Муамед Сејдини за старо-нов претседател, на Изборното собрание го избра и Управниот одбор на федерацијата.

Три нови имиња, меѓу вкупно 14 ќе бидат членови на новиот управен одбор. Нови членови се Сашко Тасев од Кавадарци, Славе Крстев од Валандово, како и актуелниот комесар за натпреварување Игор Франговски од ОФС Кисела Вода. Во Управниот одбор остануваат и „староседелците“, Лазар Ракиџиев, Добре Иванов, Златко Талевски, Светозар Станковски, Арѓент Беќири, Борче Лазаревски, Сали Абдили, Марјан Стојковски, Тони Ивановски, Џевад Дибрани и Димитар Џонов.

ФФМ го избра и Надзорниот одбор на федерацијата, како и новите членови на Дисциплинската комисија со мандат од четири години.

Се вчитува...