Избрани олстар-петорките: Леброн го стигна Џабар

Леброн Џејмс ќе го предводи олстар тимот на Западната конференција откако „кралот“ на Лос Анџелес лејкерс беше избран како член на стартната петорка на „западот“ за претстојниот олстар-викенд што ќе се одржи од 16 до 18 февруари во Солт Лејк Сити. За Леброн Џејмс ова е 19. учество на собирот на сите ѕвезди во НБА-лигата, со што го израмни рекордот на легендарниот Карим Абдул Џабар во оваа категорија.

Покрај Џејмс, дел од стартната петорка на Западната конференција ќе бидат и Никола Јокиќ, Зајон Вилијамсон, Стеф Кари и Лука Дончиќ, иако е можно Словенецот да отпадне од комбинација по најновата повреда заработена на синоќешниот меч со Феникс.

На спротивната страна, источната конференција во стартната петорка на олстар викендот ќе ги има Кајри Ирвинг (Бруклин), Донован Мичел (Кливлен), Кевин Дурант (Бруклин), Џејсон Тејтум (Бостон) и Јанис Адетокумбо (Милвоки).

Се вчитува...