Избраниците на Станојковиќ го прегазија Лихтенштајн со 6-0

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години во голем стил го потврди пласманот во елитните квалификации за пласман на ЕП, совладувајќи ја селекцијата на Лихтенштајн со 6-0 во третиот меч од турнирот што се одржа во Скопје. Избраниците на Вујадин Станојковиќ го освоија првото место, со максимални 9 бода од три натпревари, и гол разлика 10-2. Ждребот за елитните квалификации ќе се одржи на 6.декември во Нион, а следното Европско првенство ќе биде во Финска.

Новата „златна генерација“ на македонскиот фудбал по победите над Швајцарија и над Белгија, очекувано го декласира и Лихтенштајн, и тоа без помошта на Елиф Елмас.

Блескаше напаѓачот на Спортинг Лисабон, Димитар Митровски, кој постигна хет – трик, а во листата на стрелците се запишаа и Дарко Чурлинов, Бојан Колевски и Бојан Миовски. Уште по првото полувреме Македонија обезбеди убедлива предност (3-0), а во вториот дел и ја удвои за конечни 6-0.

Се вчитува...