„Изгор билети“: Вардар – Малме за 500 денари

Навивачите на Вардар ќе треба да издвојат по 500 денари за да купат влезници и да го бодрат својот тим за претстојниот меч од квалификациите за Лигата на шампионите против Малме. Одлуката на „црвено-црните“ е најблаго речено изненадувачка со оглед на фактот дека противникот според името и реномето е далеку од самиот европски врв, а само за споредба најевтините билети за гостувањето на Шпанија против селекцијата на на Македонија чинеа 200 денари.

На избраниците на Гоце Седлоски дефинитивно ќе им биде неопходна помош од трибините за да стигнат до посакуваниот пласман во следната рунда, па останува да се види дали по овие цени „вардарци“„ ќе успеат да го наполнат стадионот „Младост“’ во Струмица.

Македонскиот првак преку својата официјална веб-страница информираше: Вардар на реваншот ќе го пречека шведскиот тим во Струмица. Натпреварот на стадионот „Младост“ ќе се игра на 18 јули со почеток во 18 часот. Билетите за овој натпревар ќе бидат пуштени во продажба од 3 јули 2017 година (понеделник), и ќе чинат 500 денари. Истите можат да се набават на сите продажни места на Тикет Плус.

 Првиот натпревар меѓу овие два тима ќе се игра во Малме на 12 јули, со почеток во 19 часот.

 

Се вчитува...