Драган Стојковиќ – Пикси се наоѓа под огромен притисок бидејќи му се заканува смена доколку не успее да стигне до позитивен резултат на претстојниот квалификациски дуел со Албанија што ќе се игра во Лесковац.
Српскиот селектор е често критикуван во изминатиот период, за изборот на играчи, како и тактичките замисли со кои не се вади максимумот од репрезентацијата, но Стојковиќ даде шокантна изјава на денешната прес-конференција изјавувајќи дека неговите најголеми критичари на следниот натпревар ќе навиваат за Албанија.
„Разни критичари и аналитичари ќе го следат мечот, ќе следат што правам, можеби дел од нив ќе навиваат и за Албанија, сигурно ќе има и такви. Јас сепак не се оптоварувам, сакам само да ја подготвам екипата најдобро што можам, за да одиграме што поквалитетно во Лесковац“, истакна српскиот селектор.
Стојковиќ со голем респект гледа на саботниот ривал, со кого Србите ремизираа без голови на првиот меч во Тирана.
„Како тоа Албаинја не е атрактивна. Говориме за сериозна репрезентација што е наш главен ривал за второто место. Тоа е борба за позиција која води во бараж, знаеме дека влогот е голем, но верувам дека имаме сила и доволно квалитет за да ја оствариме таа цел“, прокоментира Пикси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

