Изминатава ноќ се се промени за Челси: Владата на Британија даде дозвола за итна продажба!

Повеќе од длабока неизвесност лебди над Челси откако британската влада ги замрзна неговите сметки притоа носејќи и забрана за продажба на клубот, како дел од санкциите кон Роман Абрамович поради руската инвазија на Украина.

Во текот на вчерашниот ден во еден момент беа суспендирани сите сметки на Челси, па беше доведено под прашање опстојувањето на клубот.

Сепак, изминатава ноќ, како што пренесуваат англиските медиуми, власта во Англиха дала дозвола Челси да се продаде во експресен рок. Услов за продажбата е Абрамович да достави доказ до владата дека со продажбата нема да заработи ниту пени, и дека се откажува од долгот од 1,5 милијарди фунти во корист на жртвите на руско-украинскиот судир.

Зеленото светко за продажба која треба да биде завршена во следните четири недели значи и дека вработените ќе бидат регуларно исплаќани.

Досега неколку инвеститори покажаа интерес за купување на клубот, но никој од нив не испрати конкретна и официјална понуда.

Привремената и специјална дозвола за натпреварување важи до 30. мај, а во лондонскиот клуб се надеваат дека и тоа ќе биде променето низ наредниот период.

Се вчитува...