Изненадувачки договор: Давид Луиз уште една сезона во Арсенал

Давид Луиз и Арсенал изненадувачки постигнаа договор за соработка уште една сезона. На првиот натпревар од продолжението на сезоната против Манчестер Сити, Бразилецот беше исклучен во 26 минута и доби лавина критики за „глупоста“.

Тој се извини за грешката, но многумина овој инцидент го протолкуваа како дефинитивен крај на престојот на Луиз во Арсенал и на договорот вреден 120 000 фунти неделно, а кој требаше да истече на 30. јуни.

Клубот имаше можност до ноќеска на полноќ да ја активира калузулата за дополнителнителен период за Луиз на „Емирати“, до крајот на оваа сеозна, но Арсенал реши да постигне подолг договор и да го задржи до 2021 година.

 

 

Се вчитува...