Изненадувачки избор за новата „единица“ на Интер

Заминува на крајот на сезоната ветеранот Јан Зомер од Интер. Италијаснкиот првак ќе мора да бара ново решение на голманската позиција.

Прв „пик“ беше Гилермо Викарио од Тотенхем, но лондонскиот тим бара големо обесштетување за неговите услуги. Надежта на Интер е Тотенхем да се пресели во Чемпионшип, со што цената на италијанскиот голман драстично би паднала.

Меѓутоа Интер продолжува со потрагата, а изборот наводно паднал на резервниот голман на Арсенал, Кепа Аризабалага. Овој голман во минатото беше дел од Челси и од Реал Мадрид, а интересно е каде што оди, освојува титули, односно носи среќа во секој клуб.

Во Интер сега сериозно размислуваат да му ја доделат улогата на прв голман, со оглед дека за него нема место во Арсенал каде местото е резервирано за одличниот Раја, еден од најзаслужните за пласманот во финалето во ЛШ и за титулата во Премиерлигата.

Се вчитува...