Изненадувачки трансфер: Доскорашниот прв голман на Борусија Д. се сели во Азербејџан

Голманот Борусија Дортмунд, Роман Бурки во идните шест месеци ќе го брани голот на азербејџански Карабах како позајмен играч. Овој трансфер е изненадувачки, ако се има во предвид фактот дека Бурки до неодамна беше прв голман на „милионерите“, односно бранеше до минатата сезона кога одеднаш стана „вишок“. Дека ќе си замине од Борусија, можеше да се претпостави уште минатата сезона кога беше отстранет од местото прв чувар на мрежата, а потоа му беше донесена замена во името на Грегор Кобел.

Бурки сега не е ниту меѓу првите три голмани на тимот од Дортмунд. Летоска имаше понуди од Монако и неколку други германски клубови, но се реши да остане во Борусија со кој има договор до 2024 година.

Сега ќе замине во Карабах, а на лето ќе има обид да биде продаден. Ова не е прв пат познат голман да го чува голот на овој азербејџански тим. Претходно шест месеци во оваа екипа беше Асмир Беговиќ, екс голман на Челзи, Стоук, Бурнмут, Милан…

Се вчитува...