Изненадување: Барнли освои бод на „Енфилд“

Ливерпул не успеа да ја продолжи победничката серија на „Енфилд“ откако попладнево одигра само 1-1 на домашен терен против Барнли. „Црвените“ одиграа добар меч, создадоа бројни шанси, но не успеаја да ја крунисаат иницијативата со победнички погодок.

Робертсон беше стрелец на водечкиот гол за Ливерпул во првото полувреме, во кое брилијантен беше гостинскиот голман Поуп, бранејќи три стопроцентни шанси на Салах (две) и Мане). Фирмино имаше одлична ситуација во вториот дел, но неговиот удар заврши во дирекот, пред Џеј Родригез да го постигне голот за израмнување.

Ливерпул тргна во офанзива во финишот, но Барнли ја имаше најубавата шанса за трет погодок на оваа средба, кога гредата го спаси голот на Алисон Бекер.

Се вчитува...