Изненадување: Бартомеу си поднесе оставка од Барселона!

Само десетина часа откако изјави дека никогаш не помислувал на оставка и ја отфрли сопствената одговорност за војната со Лионел Меси, Хозеп Бартомеу го промени својот став и реши да се повлече од раководната функција во каталонскиот гигант. Весникот „Ел Мундо Депортиво“ прв објави дека Бартомеу и директорите во бордот на чие чело беше тој вечерва донеле едногласна одлука – да си поднесат оставки од функциите.

Пресвртот се случи откако каталонските власти решија да го отфрлат барањето на актуелното раководството на Барса гласањето за нивна недоверба закажано за 1 ноември да биде одложено за најмалку 15 дена, за да се заштитат лицата кои гласаат од ризикот од коронавирус. Откако ова барање беше отфрлено, Бартомеу и директорите решија да се повлечат уште пред гласањето,

За очекување е во најскоро време да се почне со процедурата за организирање на нови претседателски избори, по што сигурно дел од кандидатите во дел од кампањата ќе ветуваат и останување на Лионел Меси во клубот.

Се вчитува...