Изненадување: Литванскиот Тракаи е следниот противник на Шкендија

Литванскиот клуб Тракаи е следниот противник на Шкендија во третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Овој тим направи изненадување елиминирајќи го шведскиот Норчепинг, чиј член е македонскиот репрезентативен голман Давид Митов Нилсон. Тракаи славеше по изведување пенали со 5-3, откако токму Давид Митов Нилсон не успеа да одбрани ниту еден удар од балата точка на противничките фудбалери.

Во Литванија, Тракаи успеа да ја надомести негативата од 2-1 од првиот меч, славејќи со идентичен резултат. Мечот отиде во продолженија, по кои немаше голови, а се решаваше со изведување на пенали. На крајот, посреќни и поснаодливи беа фудбалерите на литванскиот тим Тракаи.

Овој клуб по 16 одиграни кола од првенството на Литванија се наоѓа на втората позиција со 28 освоени бода, десет помалку од лидерот Жалгирис.

Се вчитува...