Изненадување: Мерцедес се буди, Расел до пол-позицијата на „Хунгароринг“

Џорџ Расел приреди големо изненадување во денешните квалификации на патеката „Хунгароринг“, каде британскиот возач успеа да стигне до пол-позицијата за утрешната трка за ГН на Унгарија.

Мерцедес се мачи да состави конкурентен болид од стартот на сезонава, но Расел денеска импресионираше остварувајќи најдобро време, за своја прва пол-позиција во кариерата. Вториот возач на Мерцедес, екс-шампионот Луис Хамилтон, имаше само седмо најдобро време.

Веднаш зад Расел ќе се најдат двајцата возачи на Ферари, Саинц и Леклер, а по нив ќе следат Норис, Окон и Алонсо.

Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман, Макс Ферстапен, ќе ја стартува утрешната трка од десеттото место.

Се вчитува...