Изненадување од Португалија: Бенфика преговара со Покетино

Бенфика најверојатно ќе ја загуби трката за шампионската титула во Португалија од големиот ривал Порто, а тоа сериозно ќе ја разниша и довербата на раководството на клубот во тренерот Бруно Лаге. Разделбата ќе биде неминовна, а португалскиот клуб преговара со поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Како што открива португалскиот весник „Рекорд“, Бенфика е сериозно заинтересирана да го доведе одличниот аргентински стратег на клупата. Покетино е без работа откако доби отказ од Тотенхем и досега одби неколку понуди. Сепак, раководството на Бенфика му нуди одлични услови за да го преземе кормилото на тимот по завршувањето на оваа сезона.

Се вчитува...