Изненадување: Партизан го зеде скалпот на Црвена звезда во Купот на Србија

Кошаркарите на Партизан приредија големо изненадување закитувајќи се со трофејот во Купот на Србија, откако во големото финале го зедоа скалпот на вечниот ривал Црвена звезда, триумфирајќи со . „Црвено-белите“ како првак на АБА-лигата, шампион на Србија и претставник во Евролигата важеа за големи фаворити на овој натпревар, но беа изненадени од максимално мотивираните „црно-бели“ кошаркари, кои на крајот заслужено се закитија со големиот трофеј.

Партизан фуриозно го стартуваше натпреварот, веќе во осмата минута поведе со двоцифрена разлика (17-6), добивајќи ја првата четвртина со преубедливи 25-9. Црвена звезда почна да ја топи предноста на противникот во третата четвртина, но тимот на Перо Антиќ во ниту еден момент не успеа да стигне до израмнување, камоли до пресврт. Со украдената топка и забивањето на Лесор „црвено-белите“ се приближија на три поени разлика (69-66), но Партизан имаше доволно смирени играчи во своите редови во клучните моменти од ова финале, за да ја задржи позитивата и на крајот да слави со конечни .

Вилијамс Гос со 23 поени и 7 асистенции беше клучен играч кај победничкиот тим, каде Величковиќ постигна 13, а Гагиќ 12 поени. Перо Антиќ се врати по повредата и одигра само седум минути за Црвена звезда, период во кој промаши три шута од поле и реализираше два поени (од линијата за слободни фрлања). Најефикасни кај Црвена звезда беа Дангубиќ и Бјелица со по 14 поени, а тотално потфрли Фелдеин со само седум поени за 25 минути игра и шут од поле 1/8.

Се вчитува...