Изненадување: Жерар Пике – кандидат за претседател на Барселона

Претседателската трка во Барселона од денеска стана уште поинтересна откако Жерар Пике објави дека ќе се кандидира за наследник на Жорди Бартомеу. Искусниот дефанзивец неодамна заработи тешка повреда на коленото, се уште е неизвесно дали ќе може да се врати на терените сезонава, па Пике смета дека сега е вистински момент да му каже збогум на играњето фудбал – доколку стане претседател на Барса. Активните фудбалери според статутот немаат право да бидат претседатели, но дефанзивецот веќе го контактирал директорот Тускетс, од кого добил зелено светло да поднесе кандидатура.

Информацијата прв ја објави весникот „Ел Мундо Депортиво“, тврдејќи дека Пике во следните денови ќе влезе во кампања и ќе ги презентира своите планови. Доколку се случи тој да победи, екс-репрезентативецот на Шпанија ќе објави крај на кариерата за да може официјално да биде именуван за нов претседател на Барселона. Тој најпрвин ќе треба да обезбеди 65.000 потписи за официјално да се кандидира, но според каталонските медиуми оваа бројка нема да претставува никаков проблем за еден од капитените на Барса.

Пике има импресивни бизнис врски на 33 години, тој веќе е организатор на тенискиот Дејвис Куп, а токму благодарение на овој 33-гоишен фудбалер Барселона го потпиша спонзорскиот договор со јапонската компанија Ракутен. Шпанецот е добар пријал со првиот човек на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, па не се исклучува можноста тој да се појави како еден од потенцијалните инвеститори во клубот доколку Пике стане претседател.

Се вчитува...