Израелската федерација со одговор до Ангеловски: Зошто Македонците се лутат? Сами одбраа да тренираат во Ашдод

Израелската фудбалска федерација испрати одговор преку соопштение на реакцијата на македонскиот селектор Игор Ангеловски за третманот кој го има нашиот национален тим во Израел во пресрет на вечерашниот квалификациски натпревар против Бер Шева.

„Сакам да им се заблагодарам на Израелците за “гостопримството”. Ни овозможија да ги видиме убавините на земјата со долго патување. Ги уверувам дека ќе им вратиме во иста мера“ – истакна Ангеловски на вчерашната прес-конференција, иронично алудирајќи на фактот дека Македонија тренинзите ги одработуваше во Ашдод а прес-конференцијата мораше да ја држи на 70 километри во Бер Шева, каде вечерва се игра натпреварот со Израел.

Но, Израелците потенцираат дека сето тоа е согласно наложбите на УЕФА, а Македонија сама одбра да тренира во Ашдод.

„Македонија одбра нивните подготовки и тренинзи да бидат во Ашдод, тие инсистираа на тоа. Исто така, точно е дека Македонија сакаше официјалната прес-конференција да ја одржи во Ашдод, но тоа не беше дозволено од УЕФА. Ние немавме ништо и против тоа, но кристално јасни се правилата на УЕФА која единствено бара официјалните прес-конференции да бидат на стадионот каде се игра натпреварот. Затоа воопшто не разбираме зошто Македонците се лути на нас?“ – се вели меѓу другото во реакцијата на Израелската фудбалска федерација.

Се вчитува...