Израсна по „фавели“, а на 20 години има три трофеи со Реал Мадрид
Екипа
19.07.2020 / 13:48
СПОДЕЛИ:
Винисиус Жуниор има солидна сезона во Реал Мадрид покажа завиден квалитет, но и голем простор за напредок. Во тимот на Зидан беше 12. фудбалер по бројот на одиграни минути и е еден од најзаслужните за освојување на 34. титула во Ла Лига.
„Израснав во Сао Гонкалу, по фавелите. Сега имам 20 години и три трофеи со најголемиот клуб во светот. Некои зборуваа дека никогаш нема да го облечам овој дрес. Мислам дека не е лошо, што мислите вие?“, напиша Винисиус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА