Извлечени двојките за вторите лиги: Вардар стартува против Кораби во Дебар, Гостивар ќе ја пречека Воска, Победа – Кит Го на Истокот

Извлечени е распоредот на натпреварите за второлигашката конкуренција во новата сезона во која ќе се натпреваруваат вкупно 20 екипи, по делени по десет во конкуренција на Западот и на Истокот.

Во западната конкуренција, најтрофејниот македонски клуб Вардар првпат во историјата ќе игра во Втора лига стартувајќи со дуел против Кораби во Дебар. Амбициозната Воска спорт, пак, ќе гостува на Гостивар.

На Истокот, Беласица почнува со гостување против Детонит јуниор, додека прилепска Победа го пречекува Кит Го.

Натпреварите од првото коло во новата сезона ќе се играат на 25. август, со почеток од 16 часот.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (1. коло, 25. август – 16 ч.)
Победа – Кит Го
Детонит јуниор – Беласица
Локомотива – Кожуф
Осогово – Каменица Саса
Слога Виница – Братство Житоше

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (1. коло, 25 август)
Кораби – Вардар
Кадино – Силекс
Тетекс – Велешта
Гостивар – Воска Спорт
Охрид – Беса

Се вчитува...