Извлечено е телото од остатоците на авионот на Сала

Групацијата за истражување авионски несреќи и специјализираните спасувачки единци го извлекле телото од остатоците на авионот со кој патуваше аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала. Извлекувањето беше изведено на „најдостоинствен можен начин“, додека паралелно беа информирани семејствата и на Сала и на пилотот кој го управуваше авионот, стои во информацијата од претставниците на спсувачката акција.

Нема информација чие е извлеченото тело. Се знае дека за извлекувањето биле користени возила со далечинско управување. Поради лошите временски услови, откако било извлечено телото, спасувачките екипи ја прекинале операцијата за извлекување на остатоците од авионот.

Официјалната спасувачка акција беше прекината само по три дена од исчезнувањето на авионот, додека проаноѓањето на остоците и на телото е благодарение на приватно финансирана истрага.

Се вчитува...