Извонредна Лина Ѓорческа: По тричасовна драма во финале на турнирот во Италија!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во финалето на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари кој се игра во Санта Маргерита ди Пула во Италија.

Ѓорческа во извонредно драматичен натпревар во полуфиналето со пресврт славеше по три сета со 1-2 против хрватската тенисерка Тена Лукас.

Хрватката го доби првиот сет со 3-6, а вториот со идентични 6-3 и припадна на Ѓорческа. Вистинска драма се случуваше во последниот трет сет. Лукас поведе со 0-3 и 1-4, за да потоа следи комплетен пресврт и македонската тенисерка успее да дојде до тај-брејкот. Во тај-брејкот Хрватката имаше две меч топки, но Ѓорческа на крај успеа да слави со 9-7 во тај-брејкот за конечна победа.

Ѓорческа денеска заедно со Холанѓанката Ева Ведер ќе игра и во финалето во двојки, против хрватската двојка Лукас/ Бошковиќ.

А, во утрешното финале во поединечна конкуренција ќе се соочи токму со партнерката од турнирот во двојки, Холанѓанката Ева Ведер.

Се вчитува...