Фудбалерите на Мексико ја победија Јужна Кореја со 1-0 во Гвадалахара, во дербито од Групата А на Светското првенство во 2026 година.
Мексиканците го искористија подарокот од голманот Сеунг-Гју Ким и со голот на Луис Ромо во 50. минута, забележаа победа достојна за првото место во Групата А, кое носи пласман во нокаут фазата и враќање на стадионот „Ацтекa“.
Откако Чешка и Јужна Африка ремизираа на отворањето на второто коло, Мексико сега е лидер со шест бода, Кореја остана на три, а преостанатите ривали имаат по еден бод.
Во последното коло, Мексико ќе игра против Чешка, а Јужна Кореја ќе игра против Јужна Африка.
На стадионот во Сапопан буквално не видовме ништо во првото полувреме, само една полушанса во која Ким брилијантно реагираше на ударот со глава на Кињонес.
А, потоа, главно во досаден меч, единствено голот на Ромо за победа на домашните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
