Ја „ќари“ прекрасната Бушар на облог на Супербоул, и вечерва навиваат за Њу Ингланд патриотс

Романтичната приказна почна лани, на Супербоул, големото финале во НФЛ – лигата, на дуелот меѓу Њу Ингланд патриотс и Атланта фалконс. „Патриотите“ имаа негатива од 25 поени на полувремето, а Еугени Бушар напиша дека ќе победи Атланта. Но, момчето Џон Герке, студент на универзитетот Мисури ја предизвика прекрасната тенисерка, и понуди облог, да излезе со него, ако Њу Ингланд патриотс направи голем пресврт и победи. Таа прифати…

Том Бреди и неговите соиграли направија чудо, Њу Ингланд патриотс победија, а Еугени Бушар го изведе Џон Герке на НБА – натпревар. Тогаш беше само убав „пи ар“ за тенисерката, но се изроди љубов…

И вечерва Еугени Бушар и Џон Герке се во Минеаполис да го следат Супербоул, а сега и двајцата навиваат за Њу Ингланд патриотс, во пресметката против Филаделфија иглс…

Се вчитува...