Ја одби Германија за Србија, сега ќе потпише за Интер

Интер е на добар пат дополнително да го засили средниот ред со комплетирање на трансферот на Лука Самарџиџ, 21-годишниот играч за врска на Удинезе за чии услуги се интересираше и шампионот Наполи.

Станува збор за офанзивен играч за врска кој во последните две сезони постигна седум погодоци за Удинезе, со што дополнително си ја крена цената на пазарот. Самарџиќ е роден во Берлин и ги мина сите младински категории на Германија, но кога дојде ред на сениорскиот тим реши да ги откачи Германците и да го облече десот на селекцијата на Србија.

Интер веќе ги договори условите за петгодишна соработка со овој фудбалер, а во завршна фаза се и разговорите со Удинезе. Испратена е понуда од 15 милиони евра, плус клаузула од следната продажба, плус позајмица на младиот Џовани Фабијан, играч за кого Удинезе се интересираше минатиот месец.

Се вчитува...