Ја видовте ли реакцијата на Зидан по голот на Роналдо (видео)

Зинедин Зидан знае што значи да се постигнуваат евроголови на големи натпревари, па јасно е зошто Французинот беше импресиониран од ремек-делото на Кристијано Роналдо, за водство од 0-2 на „Алијанц арена“ во Торино.

Неговата реакција, надополнета со овациите и од дел од навивачите на Јувентус, е најдобар доказ за мајсторијата на Португалецот, кој сигурно со овој гол ќе конкурира и за наградата „Ференц Пушкаш“.

Се вчитува...