„Ја знаете ли приказната за Никола Јокиќ и четирите сендвичи?“

Никола Јокиќ од првиот момент кога се појави на кошаркарските терени предизвика внимание со својот талент. Сепак, патот до ѕвездите во НБА лигата за Србинот беше тежок. Тренерот кај кого блесна Јокиќ во Мега Лекс, Дејан Милојевиќ во многу наврати има кажано дека кога дошол не можел да направи ниту десет склека, а интересна приказна за него раскажа и српскиот дописник од Денвер, Мирослав Чук.

„Ќе ви пренесам една приказна за Никоја Јокиќ и неговиот апетит кој го имал како дете. Слушнав приказна за едно негово патување во друг град на натпревар. Мајка му му спакувала четири сендвичи за цел ден, бидејќи требало да заминат наутро, а да се вратат навечер. Никола ги изел за 40 минути“, изјави Чук. 

Сепак и покрај интересниот старт на кариерата Никола Јокиќ прерасна во еден од најдобрите кошаркари во НБА. Веќе е стандарден на „ол-стар“ мечевите, а годинава со неговиот Денвер стигна до финалето во Западната конференција.

Се вчитува...