Јаховиќ донесе победа за Гезтепе во турскиот шампионат (ВИДЕО)

По голот во претходното коло против Трабзонспор, македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ го постигна и својот втор гол сезона во најсилната лига на Турција овој пат партиципирајќи со погодок во триумфот на Гезтепе од 0-2 на гостувањето против Османлиспор.

Јаховиќ погоди во судиското продолжение од првото полувреме, од пенал, за водство од 0-2 на својот тим.

Adis Jahovic (Penalty) Goal HD – Osmanlispor 0… by Football–Live

По оваа победа, Гезтепе има 7 бода од четири натпревари за делба на четвртата позиција на табелата.

Се вчитува...