Словенечкиот репрезентативец Јака Малус доби големо признание за одличните настапи во ЕХФ Европската лига, откако беше избран за најдобар среден бек во идеалниот тим на сезоната.
Малус беше меѓу најдобрите стрелци и асистенти на Вардар и одигра клучна улога во пласманот меѓу најдобрите осум во ова натпреварување.
Покрај словенечкиот плејмејкер, во елитниот состав на сезоната се најдоа уште неколку звучни ракометни имиња. На голманската позиција е Небојша Симиќ од Мелсунген, додека најдобар дефанзивец е неговиот клупски колега Адријан Шипош. Позицијата лево крило му припадна на Емил Јакобсен од Фленсбург, а на спротивната страна се најде Бенце Имре од Кил. Бекoвската линија, покрај Малус, ја комплетираат левиот бек Тин Лучин од Нексе и десниот бек Валентин Порт од Монпелје, додека за најдобар кружен напаѓач е прогласен Јоханес Гола од Фленсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
