Јакимовски и Вашингтон Стејт вo победничка низа (ВИДЕО)

По турболентниот период во кој Андреј Јакимовски и Вашингтон Стејт забележаа шест порази едноподруго, македонскиот интернационалец и неговиот тим започнаа нова серија на победи откако по триумфот над градскиот ривал, сега славеа и над Орегон со 71-74.

Јакимовски дуелот го заврши со 5 поени со реализација 1/2 за два и 1/2 за три поени. Македонецот додаде и четири скока од кои еден во напад, две асистенции и една блокада за 25 минути поминати на паркетот. Со овој триумф Вашингтон Стејт се искачи на седмата позиција на табелата со скор од 11 победи и 7 порази по 18 одиграни натпревари.

Се вчитува...