Јакимовски: Максимално сум посветен и работам напорно (ВИДЕО)

Надежта на македонската кошарка, Андреј Јакимовски полека се прилагодува на САД и НЦАА лигата. На последниот натпревар за својот тим, младиот крилен играч беше еден од најдобрите во својот тим со 11 поени (3/4 за три и 1/2 за два поени), четири скока и една асистенција, за само 21 минута помината на паркетот.

Формата на Македонецот од натпревар во натпревар е се подобра, а тоа најзаслижен е самиот тој со неговата посветеност и напорна работа.

„Работам напорно, секој ден. Освен тоа тренерот ми дава неверојатна доверба. Би рекол, ова беше прашање на време, да играм добро, да победуваме, затоа сум среќен во овој момент… По секој натпревар, останувам во сала, вежбам шут. Сметам дека тоа е добра работа, особено за еден „фрешмен“ кој доаѓа од Европа, каде стилот на игра е малку поинаков од овој овде. Се игра побрзо, со многу повеќе физички контакти… Се чувствувам комфорно, работам секојдневно, и после овој натпревар, навистина чувствувам многу поголема самодоверба“ – изјави Јакимовски по натпреварот.

Се вчитува...