Фантастичниот Јакимовски на чекор до трипл-дабл (ВИДЕО)

Андреј Јакимовски и Вашингтон Стејт им се вратија на победите како славеа на домашен терен против Калифорнија со убедливи 82-51 во натпревар во кој што ја имаа целоноста резултатска контрола. Првото полувреме заврши со резултат 48-26, а второто Кугарс го добија со 34-25 со што дополнително ја зголемија предноста, за запишување на историја како најубедливата победа во историјата на колеџот.

Македонскиот интернационалец беше на чекор до остварување на трипл-дабл учинок откако натпреварот го заврши со 11 поени (1/4 за два и 3/6 за три поени), на кои додаде и 9 асистенции и 7 скока.

Се вчитува...