Јакимовски си замина и од 14. клуб во кариерата, продолжува во Пиза?

Македонскиот напаѓач Никола Јакимовски го промени и 14-от клуб во кариерата. 30-годишниот Јакимовски се раздели со италијанскиот третолигаш Трапани, сега во очекување на новиот ангажман.

Како што пренесува италијанскиот „Тоскана“, Јакимовски сега е пред трансфер повторно во Серија Б, во редовите на Пиза.

Претходно, во неговата кариера Јакимовски во период од само десет години промени 14 клубови. Настапуваше за Македонија ЃП и Тетекс во Македонија, за српските Јавор и Јагодина, унгарски Ференцварош, јапонската Нагоја, грчката АЕ Лариса како и италијанските Варезе, Комо, Бари, Беневенто, Бизељи, Виченца и Трапани.

Се вчитува...