Јакимовски: Словачка изненади, но ние знаевме како да ја задржиме предноста во финишот

Македонската кошаркарска репрезентација по првите два натпревара од претквалификациите за Евробаскетот 2025 има две победа. По триумфот во Данска на домашен терене беше совладана и Словачка во натпревар во кој противникот има резултатска контрола во поголемиот дел, но Македонија со одлична игра во одбраната во последната четвртина стигна до важни два бода.

Еден од најзаслужните за триумфот беше Андреј Јакимовски, младиот крилен играч кој во вистински момент донесе одлична енергија за Македонија. Кошаркарот на Вашингтон Стејт блесна во нападот и одбраната, а беше скомен и во изјавата по натпреварот.

„Мислам дека на почетокот немавме доволно добра комуникација, особено во одбраната. После советите од стручниот тим, на полувремето, ја сменивме и одбраната. Играв на позиција ‘4’, тоа делуваше доста добро во одредени моменти од натпреварот.

Освен тоа дополнителни проблеми ни зададе нивниот висок процент на реализација. Особено во шутот од далечина. И играчи кои не важат како шутери, успеваа да погодуваат. Во одреден период од мечот, мислам дека имаа дури и 60% на реализација.

На крајот, некако успеавме да ја изнесеме победата, и да ја оствариме првичната цел, во август да имаме две победи. Во финишот, кога требаше, погодувавме и јас и Нено и Војдан, дојдовме до она што го баравме во поголем дел од средбата. Поведовме, а кога веќе стигнавме до драгоцената предност, не ја испуштивме. Дојдовме до уште една многу битна победа, која ни дава можности да завршиме како први, и да одиме понатаму во евро-квалификациите“, изјави Јакимовски.

Се вчитува...