Јакимовски: Со полетна игра и максимална посветеност до победа против Данска

Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 19 часот во арената „Нествед“ во Данска ќе го одигра првиот натпревар од претквалификациите за Евробаскетот 2025 во кои покрај со Данците, силите ќе си ги одмериме и со Словаците и Норвежаните.

Еден од главните играчи на нашата репрезентација во претходните натпревари беше Андреј Јакимовски, крилниот центар на Универзитетот Вашингтон кој очекува полетна игра и победа на отварањето на претквалификациите.

„Очекуваме позитивен резултат на стартот. Имавме доста време да се спремаме, максимално го искористивме периодот за пријателски мечеви и тренинзи и во Данска одиме по победа. Имаме нов селектор, со Александар Јончевски, со кого одлично соработуваме и сите играчи се задоволни. Очекуваме подобра игра, доста побрза игра, таков стил повеќе и одговара на оваа репрезентација. Ние мора да го дадеме максимумот на теренот, само така може да дојдеме до позитивен резултат веќе на овој натпревар“, вели Јакимовски.

Се вчитува...