Јакимовски тргна со убедлива победа во новата сезона во НЦАА

Талентираниот македонски кошаркар Андреј Јакимовски стигна до убедлив триумф со Универзитетот Вашингтон стејт на стартот од новата сезона од НЦАА-лигата. Вашингтон стејт го пречека составот на Алкорн, декласирајќи го со 95-67, дуел на кој Јакимовски и соиграчите целосно доминираа во текот на целиот натпревар.

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски на теренот помина 19 минути, успевајќи да реализира девет поени. Јакимовски погоди две тројки во првото полувреме, но не успеа да продолжи во ист ритам, па мечот го заврши со едноцифрен ефект.

Покрај деветте поени, зад името на Јакимовски останаа запишани и осум скока.

Се вчитува...