Јакобсен: Ќе биде навистина срамота ако не ја победиме Македонија

Македонија денеска ќе и гостува на Данска во натпревар од 4. коло во квалификациите за Европското првенство 2022 година. По сензационалната пораз на Данска во Скопје, селекторот на актуелниот светски шампион, Николај Јакобсен вели дека доколку загубат и денеска тоа ќе биде голем срам за репрезентација со реномето на Данска.

„Најважно е да се пласираме на Европското првенство без разлика дали ќе бидеме први или втори. Ќе биде навистина голем срам ако паднеме на третото место, затоа мечот со Макеоднија е исклучително важен и мораме да победиме“, вели Јакобсен. 

Натпреварот кој ќе се игра во Алборг е закажан за во 16 часот.

Се вчитува...