Јакобсен: Мора да ни биде јасно дека има разлика меѓу двата тима на Македонија со кои се соочивме

Данска и се реваншираше на Македонија за поразот во Скопје, совладувајќи ја со убедливи 37-21. Селекторот на актуелниот светски шампион, Николај Јакобсен вели дека има голема разлика меѓу тимот од кој загубија во Скопје и овој кој го добија лесно во Алборг, бидејќи на теренот не беа тројцата најискусни, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.

„Имавме цел да ги добиеме и двата натпревари, но на крајот едниот го загубивме. Исто така и покрај лесниот триумф треба да ни биде јасно дека има голема разлика меѓу тимот со кој се сретнавме денеска и со тој што игравме во четвртокот“, изјави Јакобсен. 

Данска и Македонија се на делба на првата позиција во групата со по шест бода по четири одиграни кола.

Се вчитува...