Јанакис: Лечиќ ми е еден од најдобрите пријатели во кошарката

Панајотис Јанакис исто така беше дел од денешната церемонија во чест на 80. роденден на Лазар Лечиќ, на која легендарниот грчки кошаркар имаше само пофални зборови за македонскиот стратег.

Голема благодарност до организаторите кои ме поканија да бидам дел од овој спектакл, прославата во чест на Лазар Лечиќ, еден од моите најдобри пријатели во светот на кошарката. Тој секогаш беше поразличен од сите други, импресионираше со карактерот, кошаркарското знаење, но и со смислата за хумор. Мене ми беше чест што имав можност да соработувам со него“ – истакна Панајотис Јанакис.

Се вчитува...