Јанакопулос со нова порака до Евролигата: Бевте мафија, уште сте мафија… добредојдовте во џунглата

Панатинаикос загуби неизвесен меч во Евролигата, а секогаш кога тоа е случај следи и реакција од првиот човек на грчкиот гигант, Димитрис Јанакопулос.

Тој повторно жестоко го критикуваше раководството на Евролигата за третманот што наводно „зелените“ го имаат во ова натпреварување, воедно и испраќајќи порака до претседателот Дејан Бодирога да дојде лично да ја следи мајсторката во Атина.

„Бевте мафија, уште сте мафија, ќе престанете да бидете мафија… Даниел Иеретуело и Дејан Бодирога, дојдете во ОАКА да го гледате мечот. Би требало да е важен.. Не? Земете ги Јавор, Радовиќ, Пулк… ако имате мад..а“. Ова е ОАКА, добредојдовте во џунглата“, порача Јанакопулос во својата најнова објава на социјалните мрежи.

Се вчитува...