Јаневски: Разликата не беше како во Скопје….Сакристан: Ја завршивме работата

Вардар загуби со 3-0 на гостувањето во Сан Себастијан против Реал Сосиедад во рамките на четвртото коло од групната фаза во Лигата на Европа. Ако се земе предвид „шестката“ од Скопје, тоа делува и како подобра претстава, но на теренот не делуваше така. Сепак, тренерот Чедомир Јаневски најде нишка позитивен елемент, иако потенцира дека повторно Вардар прими наивни голови. Но, како и да не прими, кога се бранеше во текот на сите 90 минути.

„Реал Сосиедад заслужено победи. Тие се подобри и тоа е очигледно, но мислам дека сега разликата не беше како во Скопје. Ние игравме цврсто во одбраната до првиот примен гол, потоа имаше и грешки, а можам да кажам дека и повторно примивме наивни голови. Сепак, мислам дека имаше подобрување во однос на минатиот натпревар во Скопје“, изјави Чедомир Јаневски на прес – конференцијата по натпреварот.

Тренерот на Реал Сосиедад, Еузебио Сакристан, секако е задоволен од триумфот и од рутински завршената работа на својот тим.

„Имаме девет бода од можни 12 и мислам дека добро ја завршивме работата. Во дефанзивата бевме беспрекорни, со оглед дека ривалот и не се закани, а во нападот не бевме доволно креативни. Но, и на таков начин славевме убедлива победа и мораме да бидеме задоволни. Сега се фокусираме на следните искушенија“, изјави тренерот на Реал Сосиедад.

Се вчитува...