Јанг беше незапирлив, Атланта поведе против Милвоки

Атланта поведе со 1-0 во финалето на источната конференција против Милвоки бакс откако „јастребите“ триумфираа на гостински терен со 113-116. Во главна улога беше најдобриот кошаркар на Атланта, Тре Јанг, кој беше незапирлив за домашните кошаркари и го заврши мечот со фантастични 48 поени, надополнети со 11 асистенции до соиграчите.

Милвоки направи подвиг со елиминацијата на Бруклин во минатата рунда, а бакс имаат за што да жалат ако се знае дека на,  четири минути до крајот домшниот состав имаше водство од „плус седум“. Во клучните моменти Атланта одигра најдобро, Клинт Капела погоди по офанзивен скок и донесе водство од 111-112 на 29 секунди до крајот, за потоа Јанг да постигне четири слободни фрлања до крајот за конечна победа на „јастребите“.

Џон Колинс беше одличен со 23 поени и 15 скокови, а значаен придонес во победата даде и Капела, кој реализираше дабл-дабл од 12 поени и 19 скокови. Адетокумбо постигна 34, Холидеј реализираше 33 поени за Милвоки, но целосно потфрли Крис Мидлтон, кој стигна до 15 поени, но имаше катастрофален шут од поле 6/23 (за тројка 0/9).

Се вчитува...