Јанис го предводеше Милвоки до триумф над Голден стејт, Далас не може без Дончиќ (ВИДЕО)

Во дербито на вечерта во НБА лигата, Милвоки славеше против Голден стејт со 129-118.

Предводник до победата кај Милвоки очекувано беше Јанис Адетокумбо со 33 поени, Демијан Лилард запиша 27 поени, а „дабл-дабл“ ефект имаше Крис Мидлтон со 24 поени и 10 скока.

Голден стејт немаше шанси да дојде до победата во отсуство на Стеф Кари. Каминг со 28 поени беше најефикасен, Подзимски имаше 23 поени и 10 скока, а Клеј Томпсон заврши со 21 постигнат поен.

Далас, без Лука Дончиќ, на свој терен загуби од Њу Орлеанс со 118-108 во синоќешниот натпревар во НБА лигата.

Дончиќ поради повреда пропушти уште еден меч за Далас, а неочекувана ѕвезда на мечот беше кошаркарот на гостите, Џордан Хокинс.

21-годишниот Џордан Хокинс беше најефикасен на мечот со 34 поени предводејќи го својот тим до победата. Во составот на Далас најдобар беше Ирвинг со 33 постигнати поени.

РЕЗУЛТАТИ – НБА:
Бостон – Хјустон 145-113
Атланта – Вашингтон 99-127
Мемфис – Њујорк 94-106
Милвоки – Голден стејт 129-118
Оклахома – Орландо 112-100
Далас – Њу Орлеанс 108-118
Сан Антонио – Чикаго 116-122
Јута – ЛА Лејкерс 132-125

Се вчитува...